Андоновиќ: Политичка криза во Црна Гора- Ѓукановиќ ја загуби власта но ја има моќта

Пети ден трајат протестите во Црна Гора организирани од таканаречената група која се нарекува „Црногорска пролет“ кои преку протести бараат оставка на владата на актуелниот црногорски премиер Здравко Кривокапиќ. Учесниците на собирот носат црногорски и знамиња на НАТО и пеат патриотски песни.

Граѓаните протестираат и денеска 5 ти ден по ред и го блокираат патот Подгорица-Никшиќ поради што дел од нив добија и прекршочни пријави. Демонстрантите најавуваат дека доколку не им бидат исполнети барањата ќе ги радикализираат протестите.

Тие пред 3 дена го нападнаа и автомобилот во кој се наоѓаше ќерката на премиерот Кривокапиќ што дополнително ги загрижи членвоите на владата но и ги зголеми тензиите во Црна Гора.

Протестите се поради намерата на владата на Кривокапиќ да ги измени критериумите за добивање црногорско државјанство, со што, како што тврдат групациите кои протестираат, власта сака да им овозможи државјанства на околу 62 илјади странци пред се Срби и Руси по што според Уставот тие би биле внесени во избирачкиот список, наспорти големиот број на Црногорци кои во моментов иако се родени во Црна Гора, живеат во странство и не би можеле да гласаат на изборите ниту пак да го остварат своето право на дражвјаство.

Со ова, според демонстрантите се менува односот на силите за идните избори каде, како што тврдат тие, власта во Црна Гора ќе ја бираат Белград и Москва, а не народот во Црна Гора. Од друга страна владата на Кривокапиќ се соочува и со уште еден скандал, кој ја доведе Црна Гора во политичка криза.

Се работи за изјавата на црнгорскиот министер за правда Владимир Лепосавиќ кој неодамна изјави дека е подготвен да признае дека геноцидот се случил во Сребреница „кога тој ќе биде недвосмислено утврден“. Кривокапиќ поднесе барање до парламентот за негово разрешување, бидејќи Лепосавиќ отстапил од официјалните позиции на владата, која во минатото го призна геноцидот извршен врз босанските муслимани од страна на српските и црногорските паравоени формации во војната во Босна во деведесетите години на минатиот век.

Лепосавиќ во јавноста излезе со став дека нема да се повлече сам. Во целата оваа реторика се вмешаа и партиите на србите во Црна Гора но и Белград кои сметаат дека Лепосавиќ дал коректна изјава и дека владата на Кривокапиќ е слаба и без подршка, а самиот Кривокапиќ неискусен политичар, наспроти преискусниот Мило Ѓукановиќ кој повеќе од 30 години владее со Црна Гора и кој во сето ова гледа шанса да ја воспостави својата моќ. Аналтичарите и медиумите пишуваат дека и покрај поразот на ДПС на актуелниот претседател Ѓукановиќ на неодамнешите избори, клучните полициски службеници и началници во безбедносните служби не се сменети, сè уште има полицајци кои му се лојални на Ѓукановиќ.

Инаку црногорските комити, 4 дена по ред го блокираат сообраќајот на главниот пат Подгорица-Никшиќ и создаваат хаос поради намерата на владата да ги смени критериумите за стекнување црногорско државјанство. Се смета дека овој Патриотски Фронт на комитите се организирани од страна на ДПС на Мило Ѓукановиќ кој сака да ја урне актуелната влада.

Сите овие настани покажуваат дека минатомесечното еуфорично славење на просрпската опозиција во Црна Гора која прогласи пад на режиот на Мило Ѓукановиќ е заблуда и дека Ѓукановиќ сè уште ја има целосната моќ врз политиката на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот