Андоновиќ: Најава за нови протести во Белград – Револт поради новите мерки или обид за уривање на Вучиќ? (ФОТО+ВИДЕО)

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Во Белград денеска е мирно по синоќешните жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Белград во кои 13 полицајци и 7 демонстранти беа повредени.

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Повеќе стотици лица вчера попладнето се собраа пред српското собрание, по драматичната прес конференција на претседателот на државата, Александар Вучиќ, кој најави затворање на главниот град на државата од петок до понеделник за да се спречи ширењето на коронавирусот.

7 јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Српските медиуми пишуваа дека протестот пред српското собрание започнал да се шири спонтано без формален организатор, но меѓу присутните се забележуваше и присуство на луѓе од политичкиот и јавниот живот. На протестите исто така им се приклучија лидерите од опоозиционите паартии кои ги бојкотираа неодамнешните избори, за кои велат дека биле наместени.

7 јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

На почетокот демонстрантите беа дел студенти, а дел незадоволни граќани од начинот и односот на актуелната српска власт во справување со коронавирусот и мерките кои се најавуваат за забрана на целосно движење и воведување полициски час. Малку подоцна протестите беа преземени од навивачките групи кои ги радикализираа судирите со полицијата.

7 јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

По неклку часовните обиди на полицијата да ги спречи, бесните демонстранти успеаа да ја пробијат вратата на закодонавниот дом и влегоа во собранието. Според информациите на српските медиуми, десеттина минути подоцна, припадниците на специјалните полициски сили со солзавец и пендраци ги растерале демонстрантите, исфрлувајќи ги од парламентот.

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Протести и нови масовни собирања во Белград и останатите српски градови се закажани и за попладнево.

Проследете го целиот разговор со Дејан Андоновиќ:

Полицијата околу два часот наутро ги растера демонстрантите во Белград, за денес закажан нов протест (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот