АМСМ: Сообраќајот по суви коловози, возете внимателно по клисурите поради појава на магла и можност за одрони

сообраќај гостивар
Фото Слободен печат

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози. Поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид кај с. Врбјани, сообраќајот денеска ќе биде во прекин од 10 до 15 минути во периодот меѓу 12 и 15 часот.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат и на законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата што стапи на сила на 15 ноември и ќе трае до 15 март во 2021 година.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.

Градежното претпријатие „Викторија Инвест“ известува дека на 30.10.2020 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата меѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи.

Градежното претпријатие „Илинден“ од Струга известува дека од 30.10.2020 ггодина на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с.Врбјани започна со изведување на градежни работи на пат (асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 Од  28.09.2020 година, Градежното Друштво „Гранит“ започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента, и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.

 Од 21.09.2020 година се изведуваат градежни активности при рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с. Трница, за што се врши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт трејд“ од 16.09.2020 г. започна со изведување на грaдежни активности, санирање на свлечиште на Регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње, каде што едната сообраќајна лента е затворена, регулирањето на сообраќајот се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во период од 10 – 14 часот се врши комплетно затвoрање на сообраќајот.

Од 21.08.2020 година, Градежното Друштво „Гранит“ АД Скопје започна со рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.

Заради извршување на санациско градежни работи од 28.07.2020 год, на патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 3,5 тона. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.

Гфрадежното Друштво „Гранит“ АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 година до февруари во 2022 година со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Од 08.10.2020 година е интензивирана работата на пат на оваа делница заради што апелираме за зголемена внимателност, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација.

Во текот на работното време регулирањето се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).

Виадукт трејд“ од 25.05.2020 година започна со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16 км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај,во времетраење од шест до девет месеци.

Викториа Инвест“ ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км. 5+861 до км. 9+835 има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започна на 20.03.2020 година и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.

Штрабаг АГ“ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Градежното претпријатие „Илинден“ од Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот