Американските власти ќе откријат нови материјали за атентатот врз Џон Кенеди

Локални весници Џон Кенеди
Локални весници коишто во 1963 година известиле за смртта на претседателот Џон Кенеди / Фото: EPA/LARRY W. SMITH

Американската администрација планира на 15 декември да објави нови материјали поврзани со атентатот во 1963 година врз 35-от претседател на САД Џон Кенеди, соопшти прес-службата на Белата куќа.

Во соопштението се вели дека во 1992 година Конгресот на САД објавил дека сите информации релевантни за атентатот на Кенеди „треба постепено да се обелоденуваат” доколку тоа нема да им наштети на одбраната, разузнавањето, спроведувањето на законот или на надворешната политика на државата.

Американските агенции моментално ги истражуваат документите.

Актуелниот американски претседател Џо Бајден го одобри редоследот по кој ќе бидат објавени материјалите. Некои од нив се очекува да бидат претставени на 15 декември.

Објавувањето на вториот дел ќе се одложи по барање на американските агенции. Се очекува дека нема да биде обелоденет до 15 декември 2022 година. Релевантни препораки веќе беа дадени од раководството на американската Национална администрација за архиви и записи.

Можно е некои од документите да не бидат објавени по 15 декември 2022 година, јавија американски медиуми.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот