Американскиот Конгрес евакуиран поради закана за бомба

сад конгрес
Конгресот на САД / Фото: Архива

На вработените во американскиот Конгрес им било наредено да се евакуираат, откако американската полиција соопшти дека испитува „закана за активна бомба“ во камион паркиран во близина на библиотеката на Конгресот, пренесува CNBC.

Полицијата ги предупредила луѓето на Твитер „да се држат подалеку од оваа област“.

 


Вработените во канцелариската зграда „Канон хаус“ добиле предупредување во кое се наведува дека треба да ја напуштат зградата и да ги користат тунелите за да се преселат во деловната зграда во Лонгворт Хаус.

„Истрагата е во тек .Внимателно ја следиме оваа ситуација и ќе ја ажурираме информацијата на Твитер кога ќе добиеме информации што можеме да ги објавиме“, се вели во полицискиот твит.

 

Полицијата испрати преговарачи да преговараат со заканувачот, кој се наоѓа во камионот, изјави еден од изворите, јавија американските медиуми.

Библиотеката каде се наоѓа лицето кое се закнува, се наоѓа во близина на Конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот