Американската морнарица ја суспендира обуката на 175 саудиски питомци

Американската морнарица соопшти дека ја суспендирала летачката обука за 175 саудиски кадети во свои три бази на Флорида.

Одлуката е донесена по инцидентот во кој еден саудиски питомец за пилот уби тројца свои колеги во базата во Пенсакола.
Командантот на морнарицата адмирал, Клеј Дос изјави дека часовите со обука продолжуваат и дека ќе продолжи и летачката обука за другите кадети. Тој, меѓутоа, не сакаше да наведе колку време ќе трае суспензијата на обуката на саудиските кадети.
Саудискиот кадет минатиот петок отвори оган во училница и уби тројца колеги, а осуммина други рани, пред да биде убиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот