Американска понуда за Хрватска за 12 борбени авиони „Ф16“ за 1,4 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/ALEXANDROS BELTES

Процесот на набавка на ескадрила на борбени авиони во Хрватска предизвикува вннимание во регионот, а во прв план, се чини, избива понудата од САД за која навива и претседателот Зоран Милановиќ.

Хрватска пред десет дена доби четири понуди за борбени авиони од Шведска, од САД, од Израел и од Франција, пишува „Јутарњи лист“ во чиј текст се додава дека нарачателите бараат осум до 12 летала.

Она што е интересно е дека Бугарија во февруари склучи договор со американската компанија „Локд Мартин“ за испорака на осум авиони од типот „Ф16 Блок 70/72“ вреден 1,256 милијарди долари.

За разлика од претходниот конкурс, американската страна изгледа актуелниот го сфати сериозно, велат неофицијални извори, додека медиумите во Хрватска шпекулираат дека Американците би можеле да понудат 12 нови „парчиња“ од моделот „Ф16 Блок 70/72“ за 1,4 милијарди долари.

Во износот би можела да биде вклучена и логистика, резервни делови, обука на пилоти и техничари, а договорот би требало да биде потпишан до почеток на наредното лето.

Покрај Американците, како опција е понуда и од Израел за „Ф16 Барак“, Французите ги понудија одлични двомоторни авиони „Рафал“, а Швеѓаните 12 нови „Грипен Ц/Д“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот