Американката која на Трамп му покажа среден прст победи на локалните избори во Вирџинија (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Американата Џули Бриксман, која се прослави во септември 2017 година кога беше снимена како на претседателот Доналд Трамп му го покажува средниот прст додека вози велосипед крај неговата поворка со возила, во вторникот го порази републиканскиот противкандидат и го освои неговиот мандат во Надзорниот совет на округот Лоундоун, во сојузната држава Вирџинија.

Новопечената политичарка сега во Советот ќе го претставува квартот Алгонкиан, што опфаќа популација од 400.000 жители.

– Тоа е фантастично чувство, неверојатно е, изјави 52-годишната мајка на две деца за весникот „Вашингтон Пост”. „Изминатите две години беа бурни за мене. Сега помагаме во тоа Лоудоун да стане подрачје на демократите”.

Со победата на изборите таа од Советот го истисна досегашниот републикански член.

Откако на социјалните мрежи се појави снимката со нејзиниот среден прст Бриксман доби отказ од работа, но потоа ја тужела компанијата Акима, обвинувајќи ја дека со отказот и го повредиле правото на слобода на говорот. На работа не се вратила, но добила отпремнина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот