АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ ПОБЕСНАТ: Русија бара седниците на ОН да не се одржуваат во Њујорк

Фото: Принтскрин

Москва презела иницијатива да спречи одржување на одредени состаноци на Обединетите нации во Њујорк или на територија на САД, како одговор на одбивањето на визите на некои членови од руската делегација за заседавањето на Генералниот совет на ОН, изјавил денеска заменик шефот на руската дипломатија, Сергеј Рјабков.

„Како одговор на тој потег веќе го покренавме прашањето за, на пример, седницата на Првиот комитет на Генералниот совет на ОН или Комисијата за разоружување не бидат одржани во Њујорк или на територија на САД. Ќе видиме како ќе реагираат другите членови на меѓународната заедница. Не страда само Русија од американската надменост, која преминува во апсолутно недостојна фарса“, рекол Рјабков за магазинот „Меѓународен живот“.

Истакнувајќи дека проблемот се зголемил, Рјабков рекол дека веќе не станува збор само тоа што САД го занемаруваат апстрактното меѓународно право, туку и конкретните обврски на државата, која во 1947 година прифатила седиштето на ОН да биде на нејзина територија и која потпишала договор за тоа.

„Не се сеќавам на случај во кој, и покрај многу наши апели на сите можни нивоа по овој повод, во Вашингтон презеле став кој во толкава мера ги игнорира очигледните работи. Тоа е нов квалитет за занемарување на сите норми, нов американски антирекорд, како дел од план за сопствено позиционирање на меѓународната арена“, нагласил рускиот дипломат.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров претходно рекол дека дошло време да се постави прашањето од која причина е седиштето на ОН во Њујорк.

Тој истакнал дека Москва остро ќе одговори на одлуката на САД да не издаде визи за еден дел од руската делегација, која требала да учествува на заседавањето на Генералниот совет на ОН во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот