Амбасадите на „Квинтот” во Косово: Изборите – можност да се придонесе за стабилноста на регионот

Амбасадите на Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство во Косово порачаа дека не поддржуваат ниту една партија или кандидат на парламентарните избори што ќе се одржат в недела, на 6 октомвријави дописникот на МИА од Приштина.

Во заедничкото соопштение на дипломатските претставништва на петте највлијателни држави акредитирани во Косово, познати како „Група Квинт, се отфрла секаква сугестија дека нивните влади поддржуваат некој од учесниците на изборите.

– Ние ги претставуваме државите кои се длабоко посветени на демократско и независно Косово. Секоја сугестија дека нашите влади поддржуваат одредена партија или кандидат е неточна, се вели во соопштението.

Изборите и формирањето на новата влада, порачува „Квинтот”, се можност за косовските граѓани да одлучат за тоа кој ќе ја води државата, но истовремено „и можност за итно обновување на преговорите со Србија со цел да се постигне сеопфатен, политички одржлив и законски обврзувачки договор, кој ќе придонесе и за регионалната стабилност”.

– Идната влада на Косово ќе треба да биде флексибилна за преговарање и да има способност да артикулира една позитивна визија за идните односи со српската држава и за економските и безбедносните користи кои тоа може да ги донесе на Косово, велат претсставништвата а петте земји.

Од учесниците на изборите амбасадите бараат да се воздржат од говор на омраза и популистичка и националистичка реторика.

– Ве поттикнуваме да се издигнете над популистичката и националистичка реторика која нема да му помогне на Косово. Од овие избори Косово има потреба од водачи со јасни идеи за тоа како да ги исполнат потребите на граѓаните за влада која ќе работи со кредибилитет, порачува „Квинтот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот