Амбасадата на Израел во Грција затворена поради вработен кој е заразен со коронавирус

Откако кај вработен во амбасадата на Израел во Грција било потврдено дека е заразен со коронавирусот, дипломатското претставништво е доброволно затворено во следните две седмици, соопштија од Амбасадата, јави дописничката на МИА од Атина.

– Како превентивна мерка и грижа за јавното здравје, амбасадата на Државата Израел во Грција, повторно ќе се отвори на 23 март 2020 година, по две недели доброволно затворање, откако кај вработен во Амбасадата беше дијагностициран коронавирус. Амбасадорот и неговиот дипломатски тим ќе продолжат да работат од нивните домови – напишаа од амбасадата на Израел на нивниот официјален Твитер налог, изразувајќи благодарност до грчката Влада за поддршката и соработката.

Наведено е дека амбасадорот и неговиот дипломатски тим се во добра здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот