Амазон за два дена од „Prime Day” имал продажба од над 11 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Прометот на Амазон во малопродажбата низ САД за време на 48-часовниот „Prime Day” го надмина претходниот рекорд забележан за време на ланскиот „Кибер понеделник”.

Вкупниот промет во е-трговијата во понеделникот и вторникот во САД изнесуваше повеќе од 11 милијарди долари, што е за 6,1 отсто повеќе од „ Prime Day” во октомври 2020 година, според индексот следен од „Adobe Analytics”, што опфаќа повеќе од илјадници милијарди онлајн посети на американските веб-страници за малопродажба и повеќе од 100 милиони артикли во 18 категории производи, јави телевизијата Си-Ен-Би-Си.

Онлајн продажбата на мало во понеделеникот, на првиот ден од „Prime Day” беше 5,6 милијарди долари, и уште 5,4 милијарди долари вториот ден, се наведува во соопштението на „Adobe Analytics”.

За време на минатогодишната празнична шопинг сезона, за време на „Кибер понеделникот”, прометот изнесуваше околу 10,9 милијарди долари, што бешее рекорд во САД за еден ден во трошењето преку онлајн продажбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот