Амазон ќе вработи уште 100.000 работници

 Американскиот дигитален гигант „Амазон” денеска соопшти дека ќе ангажира дополнителни 100.000 работници во САД и Канада за да бидат во чекор со силното темпо на побарувачката за купување преку Интернет во период на пандемија.

Ова ќе биде четврти циклус на вработување оваа година во најголемата светска интернет продавница, која планира да ангажира работници со полно и скратено работно време во 100 нови магацини и оперативни филијали што ќе бидат отворени овој месец.

На крајот на јуни, „Амазон” имаше 876.800 работници, не сметајќи ги подизведувачите и работниците на определено време.

Работниците ќе бидат ангажирани за прифаќање, пакување и доставување производи до дома.

Потпретседателката Алисија Болер Дејвис рече дека компанијата паралелно воведува и автоматизација во најновите згради.

– Ќе продолжиме да ја применуваме технологијата таму каде што е соодветно и каде што можеме да го подобриме целокупниот тек на работа, рече Дејвис.

Таа истакна дека компанијата, покрај најавените нови 100.000 работни места, ја проценува и потребата за сезонско вработување во текот на зимата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот