Алка по алка до синџир на супермаркети и империја: Основачот на „Лидл” е најбогат Германец со 41,8 милијарди евра

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Основачот на „Лидл”, Дитер Шварц е најбогатиот Германец. Ранг-листата на дневниот весник „Билд” покажува дека 80 годишниот основач на познатиот ланец на супермаркети, но и на „Кауфланд”, поседува имот вреден 41,8 милијарди евра.

На второ место е семејството Рајман, кое е сопственик на компаниите „Јакобс” и „Коти” со проценета вредност на имотот на 21,45 милијарди евра, а на трето место е семејството на Волфганг Порше, сопственик на автомобилските гиганти „Порше” и „Фолксваген”, со имот вреден околу 20 милијарди евра.

Вкупниот имот на 1.000 најбогати Германци, според „Билд”, во моментот достигнува вредност од 1,1 трилиона евра, што е за 0,76 проценти повеќе од минатата година. Весникот наведува и дека во Германија има 251 милијардер, што е за осум лица помалку од лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот