Алисон ја крштеваше сопругата на фудбалер на Јунајтед (ВИДЕО)
Голманот на Ливерпул има крштевано повеќе луѓе во 2020 година отколку што примил голови.
Алисон Бекер годинава покажа дека има „сигурни раце“ за Ливерпул но и за религијата.
Голманот на Ливерпул, кој е голем христијански верник, двонеделната пауза во Премиер лигата ја искористи да ја крштева, Моник Салум, сопругата на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Фред.
Препорачано
Ова не е прв пат, Алисон Бекер да се најде во ваква невообичаена улога. Во јануари годинава, голманот на Ливерпул го крстеше и неговиот соиграч, Роберто Фирмињо.

Интересно е што Бразилецот во 2020 година има крстено повеќе луѓе отколку што примил голови, тој досега само еднаш капитулира, во победата на Ливеерпул од 2:1 над Вулверхемптон.


