Алими: Злоупотребен сум од СЈО

Обвинетиот Ејуп Алими се повлече и денеска не даде исказ пред судот за случајот „Титаник 3“. Во консултација со адвокатот, координаторот на пратеничката група на ДУИ одлучи дека подобро е да не зборува, зошто ноќта кога се пребројувале гласовите од гласањето во Чаир, воопшто не бил присутен во општинската зграда. Бидејќи Алими се откажа, обвинителката Фатиме Фетаи побара да го прочита неговиот исказ даден во тогашното СЈО. На ова бурно реагираше Алими и за прв пат во судница зборуваше на македонски, објави Алсат.

– Фатиме Фетаи ме викна како сведок. Немаше записничар кога давав исказ. И други сведоци беа злоупотребени и зборуваа во СЈО без адвокат. Тврдам не беше запазена процедурата, немаше записничар. Го земав документот и го потпишав на ѕид, додека бев на седница на влада. Верував во правда и не верував дека луѓе со интегритет ќе направат злоупотреба во институција во која сите верувавме – вели обвинетиот Алими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот