Алексис Санчез си заминува од Јунајтед – Слободен печат
СпортФудбал

Алексис Санчез си заминува од Јунајтед

Најголемото промашување во ерата по сер Алекс Фергусон го напушта „Олд трафорд“ и се сели во Италија.

Чилеанецот Алексис Санчез до крајот на преодниот рок, незадоволен од малата минутажа,  се очекува да го напушти Манчестер јунајтед и да се врати во Италија. Санчез во минатото во Серија А со успех настапуваше како фудбалер на Удинезе пред да направи трансфер во Барселона. Но, овој пат во Серија А се очекува да биде фудбалер на еден од најголемите италијански екипи, Интер.

Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Санчез ги договорил личните услови со Интер, тој дури се согласил на големо намалување на платата само за да си замине од Манчестер јунајтед и да игра редовно.  Според новинарот, менаџерот на Чилеанецот, Фернандо Феличевич се наоѓа во Англија на преговори со челниците на Јунајтед со цел да го забрза трансферот.

Најверојатно станува збор за едногодишна позајмица со клаузула за задолжителен откуп на договорот.

Алексис Санчез во Италија играше од 2007 до 2011 година, по што премина во Барселона, а потоа играше и за Арсенал и Манчестер јунајтед каде пак е прогласен за најголемо промашување во ерата по сер Алекс Фергусон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close