Александар Зверев казнет 450.000 евра затоа што ја малтретирал девојката

EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Тенисерот доби голема парична казна од германскиот суд, но, тој го негира обвинението и поднесе приговор

Поранешниот тениски рекет број два, Александар Зверев, доби казнена наредба и парична казна од германскиот суд, откако беше обвинет за физичко малтретирање на својата поранешна девојка.

Зверев (26) беше казнет со 450.000 евра објави агенцијата АФП.

Зверев ги негира обвиненијата и поднесе приговор против наредбата, што значи дека тој останува законски невин и не е осуден до конечната пресуда.

Случајот може да оди на јавно судење.

АФП и другите медиуми објавија дека олимпискиот шампион Зверев е обвинет за физичко малтретирање на својата поранешна девојка за време на расправија во Берлин во мај 2020 година.

Казнениот налог во Германија се издава кога судијата, по испитувањето на писмените докази, смета дека може да се донесе одлука без да се оди на судење. Обвинетиот има право да го оспори казнениот налог, што најверојатно ќе доведе до јавно судење.

Во 2020 година Оља Шарипова го обвини Зверев за насилство и емоционална злоупотреба за време на нивната врска, што тој го негира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот