Албански медиуми: Руски и чешки шпиони ја следеле воената вежба „Defender Europe 21″

 Обвинителството во Тирана почнало истрага за двајца руски и петмина чешки државјани, под сомнение за шпионажа, за две дела од албанскиот кривичен законик 213 и 214, кои се однесуваат на обезбедување и оддавање информации, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според Топ чанел, рускот државјанин Георг Буданов влегол во Албанија преку преминот Ќафасан на албанско- македонската граница на 1 мај 2021 година. Тој се претставил како бизнисмен кој сака да инвестира во Валона.

Но, неговата активност, по добиени информации, со сомнеж била следена и од истражителите кои се сомневаат дека Буданов останал во Орикум за време на вежбата „Defender Europe 21″, најголема воена вежба што досега се одржала на Балканот.

Русинот бил депортиран од централната гранична полиција на 10 мај, со образложение дека не ги исполнува условите за престој.

Вториот Русин, Владислав Черкасов во Албанија влегол на 12 мај преку преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница.

Тој исто така бил интервјуиран и не му било дозволено да го внесе во земјата дронот што го поседувал. Бил следен во текот на неговиот тридневен престој, секое негово движење, со кого се среќава, но биле следени и лицата со кои се сретнал. Протеран е на 10 мај, исто така под образложение дека не ги исполнува условите за престој.

Како што пренесува „Албаниан дејли њуз”, истрага е почната и за петмина чешки граѓани, кои, исто така, се обвинети за шпионажа, а во Албанија влегле на 1 мај, пред да почне вежбата и во земјата се задржале десет дена.

Тие, наводно, го привлекле вниманието на албанските власти откако со изнајмено возило ја обиколиле областа околу воените бази. Исто така, постои сомневање дека тие фотографирале војници на НАТО кои учествуваат на вежбата.

Воената вежба „Defender Europe 21″почна на 4 мај, а заврши на 27 јуни, ја раководеше америнската армија, а учествуваа армии на земјите членки на НАТО и земји партнери на Алијансата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот