Албански инфектолог: Се уште сме на пола пат

Покрај фактот што во Албанија трендот на новозаразени опаѓа, а бројот на излекувани расте, познатиот албански инфектолог Тритан Кало упати апел до граѓаните да продолжат со почитувањето на препораките и да бидат максимално внимателни.

Во видео пораката од Инфективната клиника, што ја објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу, докторот вели дека состојбата со коронавирусот се уште е на половина пат и оти не ја покажал целосната слика на проблематиката.

– Ви се обраќам од ургентното одделение на Инфективната клиника. Ве повикувам, по олеснувањето на мерките, да не го либерализирате или минимизирате нивото на грижа и внимание кон себе, затоа што се уште сме на половина пат и се уште имаме предизвици со кои треба да се соочиме во иднина, апелира доктор Кало.

Тој посочува дека самогрижата, грижата за другите, личната и колективната хигиена, здравата исхрана, следењето на препораките, не само што не треба да се потценуваат, туку треба да се потенцираат се повеќе, „затоа што Ковид-19 се уште не ја покажа целосната слика на проблематиката што ја носи со себе”.

Во Албанија со новодијагностицираните осум случаи во последното деноноќие, бројот на заразени е 803 лица.

Од вкупната бројка, 68 отсто се оздравени, додека 31 се починати. Се уште активни се 229 лица, поголемиот број со лесна форма и се лекуваат во домашни услови, додека болнички се лекуваат 34, од кои седум се на интензивна терапија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот