Албанската министерка за здравство, Манастирлиу: Над 100.000 вакцинирани против ковид-19 досега

Заклучно со вчерашниот ден во Албанија се вакцинирани над 100.000 лица, објави на Твитер министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, додавајќи дека „светлината на крајот од тунелот се приближува секој ден и се побрзо”.

– Сто илјади вакцинирани до вчера, сто илјади повеќе заштитени животи. Секој ден и се побрзо светлината се приближува кон крајот на тунелот, пишува Манастирлиу.

Премиерот Еди Рама при посетата на градот Лач, каде од блиску го следеше процесот на вакцинација, најави дека целта е да прават по 30.000 вакцини дневно и до крајот на мај со имунизацијата да бидат опфатени пола милион албански граѓани.

Денеска е четврти ден од масовната вакцинација низ целата земја за лица на возраст над 70- годишна возраст, а тековно во сите здравствени центри во земјата се вакцинираат просветни работници и вработени во градинките.

Министерката најави дека во текот април ќе пристигнат уште 20.000 дози од вакцина од компанијата „Фајзер”.

– Врз основа на договорот со „Фајзер“ во текот на април очекување 20.000 вакцини. Во првата недела треба да приситнат 7.000 и до 19 април уште 20.000 дози. Очекуваме да присигнат и нови количини од договорот со „Синовак“, рече таа.

Во изминатите три дена, од кога почна масовната вакцинација, во просек се имунизираат по над 10.000 лица. Бидејќи од денеска во овој процес е вклучен и воено-медицнскиот персонал бројот на вакцинирани на дневно ниво ќе биде повисок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот