Албанците кои ја примиле првата доза од вакцината ќе добијат „ковид-пасош“

Фото: Viorel Poparcea / Alamy / Alamy / Profimedia

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу изјави дека лицата кои ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, ќе добијат документ издаден од владиниот портал е-Албанија, што може да послужи како „пасош за патување” во странство.

-Планиравме и подготвени сме преку е-Албанија да го добиеме форматот за вакцинација. Така да секој кој ја примил првата доза од вакцината ќе добие „пасош за патување” во странство преку код скениран преку е-Албанија, рече таа.

Додаде дека поради познатите причини кои ги објави Фајзер доцни испораката на договорените над 10 илјади вакцини од оваа компанија, кои требаше да пристигнат првите денови од третата недела на овој месец.

Порад зголемениот број на новозаразени со Ковид-19 упати апел до граѓаните и деловните субјекти строго да ги почитуваат мерките и протоколите.

Инаку, во последното деноноќие од направените 3.314 тестови, позитивен резултат е добиен кај 739 што е околу 23 отсто од тестираните.

Во списокот на оздравени се внесени 469, битката со опасниот вирус ја загубиле седум лица, сите во болнички услови, додека во четирите ковид болници се хоспитализирани 274 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот