Активностите на Владата и МЖСПП за справување со климатските промени препознати од Директоратот за клима на ЕК

Министерот Нуредини одржа виртуелен состанок со Mауро Петричионе, генерален директор на Директоратот за клима на Европската Комисија, на кој се зборуваше за напредокот на државата во развивањето на климатските политики во правец на редуцирање на стакленичките гасовипотребната праведна транзиција кон чиста енергија и општо подобрување на животната срединашто на долг рок значи помалку целокупни трошоци и повеќе зелени работни места.

На состанокотминистерот Нуредини информираше за чекорите кои МЖСПП ги презема во насока на усогласување на својата правна и стратешка рамка со таа на ЕУ, како и за статусот на имплементацијата на препораките од страна на ЕУ во областа клима. Генералниот директор Петричионе изрази подготвеност Директоратот за клима, во рамките на своите капацитети, да помогне во дообликувањето на конечното национално законско решение и страшката рамка за климатска акција.

Министерот Нуредини, исто така, сподели информации за напредокот на владината постапка за усвојување на Третиот двогодишен извештај за климатски промени и засилениот национален придонес кон Договорот од Париз, како два многу важни документа за поставување на патеките за декарбонизација на државата. Препознавајќи ја активноста на Владата и МЖСПП во оваа област, генералниот директор Петричионе упати пофални зборови  посочувајќи ја Република Северна Македонија како најпозитивен пример во регионот во креирање и имплементирање на политиките за зелен раст и развој.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот