Актерите од „Игра на тронови“ ќе станат родители: Оваа серија дефинитивно ни донесе многу среќа! (ФОТО)

инстаграм

Заборавете на зимата, доаѓа бебето!

Актерите од „Игра на тронови“ Роуз Лесли и Кит Харингтон ќе бидат родители! Актерката ги сподели возбудливите новости за бременоста во новиот број на списанието „Мајкл“.

инстаграм

Додека Роуз не дала премногу детали за неа и бебето со Кит, таа раскажала за тоа како се сместуваат во нивниот нов дом.

„Колку убава работа е да можеш да трчаш на село и да се надоместиш за се“, сподели Роуз. „Голема привилегија е да се биде опкружен со зеленило, птичја песна и живата ограда на нашите прекрасни соседи. Толку е мирно”.

инстаграм

Таа го опиша своето скромно живеалиште како „куќата што ја изгради Џон Сноу“.

„Неверојатно е старо“, опиша таа. „Имаме покрив од слама, кој во моментов има огромно гнездо од стршлен. Обожавам да размислувам за куќата и за сите луѓе што живееле таму. Дали биле среќни, како живееле? Сите семејства што минуваат под тие древни греди“.

И покрај тоа што имаше голем изговор да не направи апсолутно ништо, актерката откри дека всушност имала напорна работа.

инстаграм

„Се чувствувам навистина среќна што можам да кажам дека работам; имајќи ја предвид моменталната ситуација кога толку многу луѓе во нашата индустрија не можат да работат“, објасни таа. „За време на викендите, кога имаме застој, се упатувам кон Лох Ломонд и шетам околу водата. Чувствувам огромно чувство на мир кога сум во Шкотска. Живеам во Лондон веќе 13 години и го сакам, но јас повеќе преферирам да сум на село“.

За неа, да се има работа е нешто што таа не го зема здраво за готово. „Никогаш не ја губите таа грижа загриженост од каде доаѓа следното работно место“, истакна таа, пренесува E!News.

инстаграм

Роуз за нејзината улога во „Игра на тронови“ изјави: „Тоа беше неверојатно искуство и за мене – како актер – дефинитивно отвори многу врати со директорите на кастинг и продуцентите“.

Инаку, таа и Кит првпат се запознаа на снимањето на хит шоуто од HBO.

инстаграм

Не само што двајцата имаа една незаборавна врска во серијалот што освои „Еми“, туку и тие првпат предизвикаа гласини за романса во 2012 година. Тие ја потврдија својата романса во април 2016 година, а две години подоцна се венчаа во јуни 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот