Ако вчера кренавте слушалка на странските повици, пожалете се до „Телеком“ – жртва сте на „Вангири“ измама

Фото: Илустрација

Граѓаните што вчера ја кренале слушалката и одговориле на повиците од странски неидентификувани броеви, може да поднесат приговор до „Телеком“. Според извори на „Слободен печат“ од мобилните оператори, утврдено е дека се работи за таканаречена „Вангири – измама“, или измама со повици кон непозната дестинација.

„Упатуваме апел уште еднаш, до корисниците, и покрај безбедносните мерки што ги преземаме како компанија, да бидат внимателни и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел во иднина повторно да не станат жртви на измама и да се избегнат нови евентуални злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци“ – велат од „Телеком“ за „Слободен печат“.

Измамата „Вангири“ своето име го добива од јапонскиот збор што преведен значи „заѕвони еднаш и спушти“. Измамата првпат се појавила во Јапонија, па оттаму потекнува и името. Поентата на измамниците е, да се јават на многу телефонски броеви, главно на мобилни апарати и да го остават бројот како „пропуштен повик“. По ова, ако корисникот се јави на пропуштениот број, тогаш повикот ќе му е наплатен по премиум „изгор-цена“.

Вчера граѓаните масовно беа нападнати со дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство. На социјалните мрежи се шпекулираше дека тие доаѓаат од Литванија и Естонија. Броевите започнуваа на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881 но не се исклучува можноста да има и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот