Ако си членка на ЕУ добиваш 5000, ако не, 500 евра помош по глава на жител

Илустративна фотографија / Архива на Слободен печат

Италијанскиот институт за меѓународни односи (ИАИ) како што пишува Н1, соопшти дека Западен Балкан неизбежно заостанува зад остатокот од југоисточна Европа, бидејќи Европската унија им обезбедува на своите земји-членки во регионот поголема финансиска помош.

Според белградската новинска агенција Бета, извештајот на ИАИ вели дека Грција ќе добие 5.700 евра по глава на жител од фондовите на ЕУ во следните седум години за да се опорави од пандемијата на коронавирусите, додека земјите од Западен Балкан ќе добијат 500 евра по глава на жител. Словенија, Хрватска и Бугарија имаат население кое е помало од 18-те милиони во Западен Балкан, но тие три земји-членки на ЕУ ќе добијат повеќе од шест пати поголема финансиска помош одшто веројатно ќе ја добие регионот, се вели во него.

Финансискиот инструмент ЕУ ИПА III ќе обезбеди околу девет милијарди евра грантови за Западен Балкан до 2027 година, додека Романија ќе има на располагање речиси 70 милијарди грантови и Бугарија нешто помалку од 30 милијарди, се вели во извештајот.

Извештајот предупредува дека „социјалниот и економскиот ѕид“ меѓу Западен Балкан и соседните земји-членки на ЕУ ќе продолжи да расте во догледна иднина, додавајќи дека ниските приходи и недоволниот економски напредок се причина за условите поволни за авторитарните политички лидери и грабежот на националното богатство сè уште е на сила во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот