Акција за почист Бутел

Денес, на повеќе локации на општина Бутел се одвиваше големата акција за чистење и уредување на јавните зелени површини, во соработка со Град Скопје и градските јавни претпријатија.

Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева,  беа дел од денешните активности.Исто така, во соработка со ЈП Улици и патишта, денес долж ул.Радишанска кај последната автобуска постојка 57-ца,  беа пополнети ударни дупки.

Граѓаните во поставените контејнери на ул. „Груица Војвода” (позади кино Бутел), на скверот на ул.Хо-Ши-Мин  и ул.Рудо и во населба Радишани кај спортската сала, денеска имаат можност да го одложат својот кабаст отпад.

Општина Бутел апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, да не фрлаат отпадоци надвор од поставените корпи и контејнери за отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот