Ајзеа Томас тргна да се расправа со навивачите кои го навредуваа (ВИДЕО)

принтскрин

Бекот на Вашингтон визардс, Ајзеа Томас за време на натпреварот со Филаделфија за време на натпреварот замина на трибините каде имаше вербална расправија со двајца навивачи на противничкиот тим кои го навредуваа.

Тој не замина за да се пресмета физички туку само да им порача дека не го почитуваат и тоа го чинеше исклучување, а и навивачите беа исфрлени од салата.

– Промашив едно слободно фрлање, а го погодив второто. ПОтоа еден од нив покажа два средни прсти и гласно викна кон мене „Е*и се кучко“. Отидов и му реков тоа да не го прави, да не покажува непочитување бидејќи јас сум маж, а тој треба да биде навивач.

Неговиот одговор беше „Извини, само сакав сладолед“. Претпоставувам дека доколку гостински играч ги промаши дветѕе слободни фрлања, тогаш сите навивачи во салата добиваат сладолед или нешто слично? Навивачите смеат да викаат што сакаат, но никогаш немој така да ме викаш бидејќи никогаш не би направил такво нешто., Имам семејство, имам деца и тоа не е во ред – изјави Томас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот