АХВ: Кривичниот закон клучен против измамите со храна

Кривичниот закон во Италија е основа за спроведување на истраги за квалитетот на храната, заштита на здравјето на потрошувачите и за спречување на нарушувања на интегритетот на пазарот со храна, им  посочил денеска Кристријано Лонго од Италија на македонските инспектори за храна на обуката за спречување на измами, која виртуелно се одржала во  Агенцијата за храна и ветеринарство.

Лонго на обуката го презентирал планот за зајакнување на капацитетите за истраги во однос на измамите со храна. Тој, како што соопштија од АХВ, ги образложил принципите за контрола на електронската продажба на храна, согласно италијанските искуства во оваа област.

Директорот на АХВ Николче Бабовски на обуката потенцирал дека спречувањето на измамите со храна се основа за зголемување на ефективноста и ефикасноста и на нашата институција.

– Преку размена на искуства за спречувањето на измамите со храна ќе ги прошириме знаењата од оваа област која и во европски и светски рамки станува се поактуелна, од економски, но и од аспект на заштита на здравјето на потрошувачите. Спречувањето на измамите со храна се основа за зголемување на ефективноста и ефикасноста и на нашата институција, чиј приоритет покрај заштитата на здравјето на потрошувачите, преку контрлите е и спречувањето на нелојална конкуренција и зајакнување на економијата во целина – истакна во обраќањето директорот Бабовски.

Потврда дека како институција и во оваа област сме на вистинскиот пат, додаде тој, е акцијата ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Македонија, преку инспекциските служби на АХВ учествуваше заедно со уште 82 држави. Во акцијата која се спроведе од декември 2019 до јуни 2020 година, акцент беше ставен на спречување на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци.

– Новите знаења за справување со измамите со храна, ќе бидат добра основа за имплементирање на веќе потврдените успешни европски практики во спречувањето на измамите со храна и од страна на нашите инспекциски служби и Одделението за заштита од измами со храна во рамки на АХВ – потенцира Бабовски.

На обуката учествивале шеесеттина претставници, од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство како носител на проектот, од Царинската управа, Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот