Ахмети точно напладне на средба со „огнените“ Меџити, Џафери и Беџети

али ахмети, муса џафери, блерим беџети
Блерим Беџети на својот Фејсбук профил објави фотографија на која може да се забележи дека е во друштво на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пратеникот Изет Меџити и поранешниот вицепремиер Муса Џафери.

Во централата во Мала Речица денеска точно напладне лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се соочи со водачите на „огнената група“ Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети. Се очекува „огнените“ на маса да ги стават барањата за реформа на партијата, односно конечно три години по Конгресот да се дооформат партиските тела – Централното претседателство и нaјтесното партиско раководство. „Огнените“ преку писмо веќе побараа одлуките во партијата да се носат во партиските органи, а не двоецот Ахмети – Груби. Незадоволни од работата на министрите „огнените“ бараат смена на првиот вицепремиер и на други министри, како и отчет за досега сработеното во Владата.

Ахмети во минатата недела се обиде да го амортизира незадоволството на „огнените“ преку средби со ограноците на Чаир и на Сарај, но наместо примирје Џафери му порача на Ахмети ако Груби не замине од Владата дека ќе ескалира политичката војна во ДУИ.

– Очекувавме дека партискиот живот ќе се канализира преку оформување на партиските органи, а не Груби да ги узурпира сите функции и одлуки. Ахмети ќе треба да реши дали и натаму партијата ќе функционира во хаос или конечно битните политички одлуки и прашања ќе ги носат партиските тела. Остануваме на ставот дека министрите за сработеното треба да реферираат во партијата, неуспешните да се повлечат и да се формираат партиските тела – изјави за „Слободен печат“ Џафери минатиот петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот