Ахмети: Не е лесно да се броиме и да имаме ветинг

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на изборното собрание во Дебар, рекол дека нема да биде лесно да се спроведе ветингот, се наведува во соопштението на партијата.

– Од комуникацијата и соработката не губи никој, сите добиваат, од меѓусебната транспарентност, мудроста и почита добива големото семејство наречено Демократска Унија за Интеграција. Пред нас имаме тешки задачи, иако до денес беше многу тешко, но толку тешко ќе биде и во иднина. Не е лесна работа да се има држава во која владее законот, не е лесна работа да се бориме и да имаме ветинг, не е лесна работа да се има успешна транспарентност . Толку повеќе стандарди имплементираме и спроведуваме толку ќе бидеме поблиску до Европа – рекол Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот