Ахмети: Најважно е изборите да се демократски

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски изјави дека ова бил најконструктивен состанок до сега.

Ахмети потврди како што соопшти претседателот Пендаровски дека сите политички партии во државава се едногласни дека државата мора да започне преговори со ЕУ.

За парламентарните избори кои премиерот Заев ги најави на 12 април догодина, Ахмети рече дека е најважно тие да бидат демократски.

Лидерот на ДУИ додаде дека е договорено земјата да го ратификува НАТО протоколот и да го изгласа Законот за одбрана.

– Да ги сработиме домашните задачи за да влеземе во ЕУ – рече претседателот на БЕСА, Билал Касами.

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, пак додаде дека 12 април е добар датум за дотогаш да се ратификува протоколот за НАТО.

– На 12 април да ја вратиме надежта на младите, рече Села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот