Ахмети: Измените на Кривичниот законик се за функционална држава и судство, нема договор со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на политичката партија на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети изјави дека нема договор со ВМРО-ДПМНЕ за измените на Кривичниот законик, како и дека нема врска со амнестија на ниту еден функционер. Според него, измените се направени за да има функционална држава и функционално судство.

-Кривичниот законик не е прогласување амнестија. Амнестијата има друг карактер, додека кривичниот законик и измените што се направени се сосема друга работа. Кривичниот законик, кој го менуваме, е фосилен остаток од југословенскиот режим. Да се ​​пролонгираат истрагите, да се држат луѓето под истрага шест, осум години… И целиот законик, промената што беше направена е направена за да има функционална држава и функционално судство. Да не се држи човек под истрага шест години и потоа да се ослободи како невин – вели Али Ахмети во интервју за ТВ21.

Тој порача дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба убаво да размисли и да ги поддржи уставните измени.

-Христијан Мицкоски треба да размисли убаво, тој има голема одговорност како лидер на опозиција, треба да разбере дека уставните измени отвараат пат напред за државата, отвараат пат за развој на државата. Просто е тоа, земете го извештајот на Ирска и видете колку Полјаци се вратени во Полска после зачленувањето на земјата во ЕУ, кај нас бегаат младите, ако Мицкоски, Ковачевски, Ахмети, Тачи, Таравари сакаат да останат сами во Македонија и да гласаат меѓу себе, тогаш нема да гласаат за уставните, и луѓето ќе ни избегат од државата – порача Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот