Агресивен пациент: Интревенирале полицајци опремени во заштитна облека

Фото: МИА

Вчера во СВР Скопје од обезбедувањето на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во ковид-центарот едно лице го нарушува јавниот ред и мир со агресивно однесување кон медицинскиот персонал.

По интервенција на полициски службеници, опремени во заштитна облека, лицето се смирило и констатирано е дека станува збор за С.В.(60) од Куманово, кој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.4 од ЗППЈРМ, а С.В. ќе остане на понатамошно лекување во центарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот