Адеми и Ристовски со Динамо Загреб го освоија Суперкупот на Хрватска

„Модрите“ се закитија со рекордниот седми трофеј во хрватскиот Суперкуп/Фото: Pixsell/instagram.com/gnkdinamo

Динамо Загреб за кој играат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски на „Максимир“ по подоброто изведување на пеналите го совлада Хајдук Сплит.

Вечерва „модрите“ го освоија рекордниот седми трофеј во хрватскиот Суперкуп.

Регуларниот дел од натпреварот заврши без голови, а победникот беше решен по ударите од белата точка.

Таму домаќинот беше поуспешен со 4:1 со головите на Петковиќ, Оршиќ, Љубичиќ и Иванушец. За Хајдук погоди само Ливај, а трагичари беа Млакар и Вуковиќ.

За Динамо стартер беше Адеми кој играше до 78 минута, а Ристовски иако беше на клупата за резерви не доби шанса да настапи.

Динамо најверојатно ќе биде противникот на нашиот шампион Шкупи во второто квалификациско коло на ЛШ доколку чаирчани во вторник ги одбранат скопските 3:0 во Гибралтар против Линколн Ред Импс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот