Адем Мекиќ: Верувам дека можеме да ги победиме Естонците

фото: kfsm.mk

Победнички се враќа Адем Мекиќ во Скопје за да се стави во служба на нашиот репрезентативен колектив. Изминатиот викенд, со својот клуб Задар, стигна до првиот трофеј во оваа сезона – Купот на Хрватска, па по кратко одмор, веќе е на тренинг со „црвено-жолтите“.

Нашето крило ги знае квалитетите на првиот противник, Естонија, во квалификациите за Евробаскетот 2025.

И верува дека најдобрата македонска кошаркарска репрезентација пред своите навивачи во петок навечер од 19.00 часот, во СРЦ „Кале“ предводена од поискусните играчи ќе дојде до триумф против тимот од Балтикот:

Естонија е репрезентација што добро ја познаваме и на која и ја препуштаме фаворитската улога. Главна одлика им е агресивноста во играта, инсистираат на брза кошарка и мислам дека во последните години играат феноменална кошарка.

Сепак, ние сме домаќини, играме пред нашите навивачи. Имаме релативно млада селекција надополнета со искусни и квалитетни кошаркари. Наше е да излеземе на терен и да го дадеме максимумот, верувам во позитивен резултат. Имаме врвни играчи како Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, потоа Бојан Крстевски кои имаат енормно големо искуство и квалитет, надополнети со нашата релативна младост и знаење, така што се надевам на добра игра и позитивен резултат за нас – вели Мекиќ.

Марин Петков: Респект за Естонија, но сè ќе зависи од нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот