АД ЕСМ: РЕК Битола работи со сите три блока на мрежа, подготвени сме за претстојната грејна сезона

АД ЕСМ / МИА

Најголемиот производствен капацитет на Државните електрани, РЕК Битола, работи со сите три блока на мрежа. Залихите на ископан јаглен во РЕК Битола во моментов изнесуваат околу 450.000 тони, а откриени се доволни количини и во рудниците за континуирано снабдување на термоелектраните, соопштија од АД ЕСМ.

Фото: АД ЕСМ

Тие информираат дека на денешниот состанок на генералниот директор Васко Стефанов и директорот на производство од термоелектрани Љубчо Кижевски со стручниот колегиум на РЕК Битола било констатирано дека се подготвени за претстојната грејната сезона, преземени се сите неопходни чекори, во сите подружници на АД ЕСМ, за да се обезбеди и годинава стабилно производство на домашна електрична енергија.

Согласно потребите на потрошувачи и на универзалниот снабдувач, АД ЕСМ изготви производствениот план кој и оваа грејна сезона треба да гарантира непрекинато снабдување со струја на граѓаните, се наведува во соопштението.

Ќе ги „изгори“ ли скопјани новата цена на парното: Бислимоски тврди дека нема да се дозволи ценовен шок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот