Абрамович пред банкрот: Британија му го замрзна имотот, не може да го продаде Челси, милијарди долари висат на конец

Роман Абрамович, и натаму е сопственик Челси/ фото: EPA/ANDY RAIN

Поранешниот сопственик на лондонскиот фудбалски клуб Челси, Роман Абрамович се најде на списокот од седум руски олигарси кои се на листата на санкции на британската влада.

Според владините прописи, сè што е во сопственост на Роман Абрамович на британско тло во моментов е во замрзнат статус, и покрај тоа што на фудбалскиот клуб Челси му е дозволено да продолжи нормално да тргува.

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович / Фото: EPA-EFE

Сепак, санкциите кои се воведени дефинитивно нема да бидат во корист на богатиот Русин, бидејќи дефинитивно нема да смее да го продаде клубот, како што првично најави.

Абрамович потврди: Одлучив да го продадам Челси, парите од продажбата ќе одат за жртвите во војната во Украина

Дополнително, ваквата одлука на Британците му носи штета на самиот клуб. Имено, Челси повеќе нема да може да продава дневни билети за натпреварите на својот клуб, па до понатамошно известување на „Стемфорд Бриџ“ ќе можат да го посетат само носителите на сезонски билети.

Навивачите на Челси избраа погрешен момент за скандирање на името на Роман Абрамович /Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Велика Британија денеска соопшти, дека на Абрамович му се „замрзнати средствата, забрана за трансакции со поединци и бизниси во Велика Британија, забрана за патување”. Абрамович и сојузникот на Путин, Игор Сечин, се меѓу седумте олигарси и политичари кои ќе бидат додадени на листата на санкции на Лондон.

Се проценува дека санкциите се во вредност од близу 20 милијарди долари (15 милијарди фунти). На списокот со санкции се додаваат уште седум олигарси и политичари:

Роман Абрамович, сопственик на Челзи и има удел во челичниот гигант Евраз и Норилск Никел

Олег Дерипаска, кој има удели во En+ Group

Игор Сечин, извршен директор на Роснефт

Андреј Костин, претседател на VTB банка

Алексеј Милер, извршен директор на енергетската компанија Гаспром

Николај Токарев, претседател на руската државна компанија за гасоводи Трансњефт

Дмитриј Лебедев, претседател на одборот на директори на Банката Русија.

Сите луѓе на Путин: Кому најмногу му верува рускиот претседател и кого го слуша?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот