ВИДЕО: Навивачите на Челси скандираа Абрамович, го прекинаа аплаузот за поддршка на Украина!

Навивачите на Челси избраа погрешен момент за скандирање на името на Роман Абрамович/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Навивачите на Челси се најдоа во центарот на вниманието откако го скандираа името на Роман Абрамович пред натпреварот во Премиерлигата против Барнли.

Тоа и не би било толку изненадувачки, доколку се земе предвид посебната врска што ја имаат со рускиот милијардер кој инвестираше во клубот, доколку тоа не се случеше при аплаузите на поддршката, солидарноста за Украина.

Менаџерот на екипата, Томас Тухел изјави дека навивачите на Челси избрале погрешен момент да му дадат поддршка на Роман Абрамович, откако името на рускиот сопственик беше скандирано за време на демонстрацијата на солидарност со Украина пред нивната победа од 4:0 во Премиерлигата на гостувањето кај Барнли.

Клубовите од Премиер лигата искажаа поддршка на Украина во саботата по руската воена инвазија на земјата, но навивачите на Челси избраа момент на аплауз пред натпреварот за да му оддадат почит на Абрамович, кој ја објави својата одлука да го продаде клубот во средата навечер.

– Не беше време да направат такво нешто – рече германскиот стручњак Тухел по мечот.

Челси со еден коментар на Твитер го уништи Конор Мекгрегор кој сакаше да ги купи „сините“

Швајцарски милијардер го купува Челси?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот