Абидал: Ракитиќ знае дека не е во плановите на Барса

фото:твитер

Денеска дојде и изјава на спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал кој потврди дека не сметаат повеќе на Иван Ракитиќ.

– Ракитиќ знае дека постои спортска одлука која треба да се разбере. Веќе е информиран дека не е повеќе дел од нашите планови – рече спортскиот директор на Барселона, Абидал за „Мундо Депортиво“, а пренесуваат и хрватските медиуми.

Се очекува разделбата да се случи во текот на зимскиот преоден рок, а се шпекулира дека можно е Хрватот да ја продолжи кариерата во Италија.

За неговите услуги интерес покажуваат екипите на Милан, Јувентус и Интер, потоа има понуда од Манчестер јунајтед, а можно е да остане во Шпанија, односно се пресели во редовите на Атлетико Мадрид.

Барса за Ракитиќ ќе бара околу 35 милиони евра, а наводно веќе одбила понуда од еден премиерлигашки клуб од 15 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот