Абидал: Проблем со Меси? Една важна работа научив овие денови!

фото: goalsn.com

Екс фудбалерот на Барселона вели дека проблемите во клубот треба да се решат во соблекувалната, а не преку медиумите…

Лионел Меси имаше интервју за „Мундо Депортиво“ оваа недела, разговарајќи за проблемите во фудбалскиот клуб на Барселона.

Најголем проблем направи спортскиот директор Ерик Абидал кога јавно ги обвини играчите дека се одговорни за заминувањето на претходниот тренер Ернесто Валверде.

Аргентинецот му одговори жестоко на спортскиот директор, велејќи му дека мора да ја прифати својата одговорност во ситуацијата и да ги каже имињата на играчите кои учествувале во смената на тренерот или да престане лажно да ги обвинува.

– Во клубот постоеше проблем во комуникацијата. Односот помеѓу тренерот и тимот беше секогаш добар, но имаше некои работи што јас, како поранешен фудбалер, можев да ги чувствувам. Му кажав на клубот што мислам за тоа и ја донесовме одлуката да го разрешиме Валверде – рече Абидал за „Диарио Спорт“, а потоа додаде:

– Научив една важна работа – проблемите во тимот да се решат во соблекувалната, а не во медиумите.

Французинот Абидал своевремено (како одбранбен играч) имаше 125 натпревари за каталонската екипа со која успеа двапати да ја освои Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот