Меси: Би сакал да се врати Нејмар, а Мартинез е одличен напаѓач!

фото: твитер

Аргентинската ѕвезда на Барса за својот сонародник вели дека станува збор за еден квалитетен и комплетен играч и многу потсетува на Суарез.

Лионел Меси изјави дека сака Нејмар да се врати во Барселона, додека шесткратниот освојувач на „Златната топка“, а ги „советува“ првите луѓе на каталонскиот гигант да ја следат ситуацијата со играчот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Нејмар ја напушти Барса за ПСЖ за светски рекорд во износ од 222 милиони евра во 2017 година, но бразилската ѕвезда продолжува да се поврзува со враќање на „Камп Ноу“.

Фудбалерот на францускиот шампион наводно, се обидел да се врати назад во Барса на почетокот на сезоната, но трансфер не се реализираше, и покрај најдобрите напори на клубот.

Меси не ја крие желбата повторно да соработува со Нејмар:

– Ова сум го рекол многу пати, на спортско ниво, Нејмар е еден од најдобрите во светот и јас би сакал тој да се врати – вели Меси за „Мундо Депортиво“.

Барса исто така се поврзува со напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, шпанските шампиони го гледаат како долгорочна замена за Луис Суарез.

Мартинез има откупна клаузула од 111 милиони евра во договорот со „неро-аѕурите“, а освен со Барселона, во трката за потписот на Аргентинецот се наоѓаат уште екипите на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Реал Мадрид.

Меси секако многу добро се знае со сонародникот Мартинез (22) настапувајќи за аргентинската репрезентација:

– Тој е спектакуларен, одличен „еден на еден“ на теренот, вистински борец. Лаутаро е квалитетен и комплетен фудбалер. Има сличен стил на игра како Луис Суарез – додаде Меси.

Својата кариера Мартинез ја започна во Расинг Клуб, а од 2018 година досега за Интер има 48 натпревари и 17 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот