ФОТО | Дали би облекле вакво нешто? Џемперот од 1.600 евра распродаден откако Кејт Мидлтон се појави во него

Instagram
Фото: Инстаграм

Харизматичната војвотка од Кембриџ – Кејт Мидлтон повторно ги маѓепса дамите ширум светот со нејзиниот моден избор за снимањето на Кралските песни кое се одржа во Вестминстерската опатија, а ќе биде специјално емитувано на Бадник.

Кејт одбрала неодолив кардиган од еминентниот бренд „Миу Миу“, чија цена е 1.350 фунти (1.600 евра).


Војвотката носела свечен дизајнерски број во текот на снимањето на промоцијата за нејзината хуманитарна акција, а љубителите на модата кои го забележаа ова шик парче, веднаш побрзале на официјалната веб-страница на овој бренд за да го набават истиот кардиган како оној на Мидлтон.

Неколку дена по објавувањето на снимката, парчето е распродадено во сите големини на сајтовите, вклучувајќи ги „Net-A-Porter“, „Far Fetch“ и „Miu Miu“.

Овој божиќен џемпер – е многу интересен со оглед на светлата, црвена боја, белата јака и уникатната изработка – розите.

Вообичаено, се појавија и коментари од типот зошто војвотката на хуманитарна акција носи толку скап и брендиран џемпер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот