4 напитоци кои би требало да ги пиете пред спиење

Колку пати веќе сте слушнале, дека не би требало да јадете пред спиење, за да немате проблеми со килажата.

Сепак постојат некои напитоци, кои би било идеално да ги испиете пред спиење, како некој вид на ноќен детокс, за успешно да намалите неколку сантиметри во половината.

Состојките на овие детокс напитоци, благотворно влијаат на нашиот организам, па ќе го активираат нашиот метаболизам и ќе ни го олеснат процесот на слабеење.

1. Сок од краставица

Краставицата има малку калории, а изобилува со антиоксиданси, па го чисти вашето тело од сите штетни материи во текот на ноќта. Сокот од свежата краставица, разблажете го со вода и испијте го пред спиење. Резултатот ќе го видите по само неколку дена. Уште е поделотворно доколку на сокот од краставица му додадете свежо исцеден лимонов сок.

2. Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир му помага на вашето тело подобро да ги апсорбира хранливите материи, а експертите тврдат дека е најдобро да го пиете пред спиење. Тој ќе ви помогне и за подобро варење. Чајот од ѓумбир ќе биде неспоредливо вкусен, доколку му додадете малку лимон.

3. Зелен чај

Пиењето на зелен чај пред спиење, пред се го подобрува квалитетот на сонот. Покрај тоа, го забрзува метаболизмот и ефикасно ги разградува мастите во телото. Со оглед дека зелениот чај е полн со антиоксиданси, помага во губењето на телесната тежина и топењето на масните наслаги.

4. Сок од грејп и цимет

Сокот од грејпфрут е богат со витамин Ц, па пред се влијае на квалитетот на вашиот имунитет. Покрај тоа, овој напиток ја забрзува и работата на метаболизмот.

Со пиењето на овој напиток, пред сонот, ќе го забрзате својот метаболизам, ќе го зајакнете имунитетот и ќе си обезбедите квалитетен сон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот