4 грешки на мажите кои добриот секс го претвораaт во лошо искуство

Повеќето мажи се доста самоуверени кога станува збор за нивните техники во креветот и поради тоа честопати занемаруваат некои ситници кои можат добриот секс да го претворат во лошо искуство.

Недостатокот на хигиена, занемарувањето на желбите на партнерката и бегството од предиграта се само мал дел од нивните навики кои жените воопшто не ги сакаат.

1. Мајсторот кој знае се

Она што жените најчесто го истакнуваат како голема маана кај нивните партнери е фактот дека не слушаат, а истиот проблем се случува и во кревет. Експертите наведуваат дека мажите имаат преголемо его во најголемиот број од случаите, па така и деталите поврзани со интимните односи ги земаат здраво за готово. Како во секојдневните ситуации, така и во креветот преовладува нивното големо „јас“ кое знае сѐ, па секој обид за разговор во врска со деталите за време на сексот завршува со познатата реченица „Јас го знам тоа подобро од неа“.

2. Секс без загревање

Жените ја обожаваат предиграта! Моментите на галење и опсипување со бакнежи се високо на листата на приоритети кај сите жени кои предиграта ја сметаат за исто толку важна како и самиот љубовен чин. Но, мажите овој податок многу често го занемаруваат. Тие го сакаат тоа брзо и без увертира што на дамите баш и не им е по волја.

3. Лоша хигиена

Мрзеливоста кај мажите честопати се одразува и во креветот каде нивните „опојни“ мириси, кои ги сметаат за доказ за машкоста, на жените воопшто не им се примамливи. Глетката на испотено машко тело е привлечна само оддалеку или на филмови, бидејќи жените во креветот сакаат негувано машко тело со убав мирис.

4. Молчи и работи

Моментот на молчење за време на жешките игри во креветот со задоволство е практикуван од страна на посилниот пол, но на жените тоа не им се допаѓа. Затоа време е мажите да почнат да ги користат своите длабоки секси гласови и во креветот со истиот жар како кога навиваат на спортски натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот