15 земји-членки на ЕУ ја тужат Унгарија затоа што ги дискриминира ЛГБТ-луѓето

фото Архива

Највлијателните членки на Европската унија, Франција и Германија, денеска им се придружија на 13 други земји-членки во поддршката на тужбата што Европската комисија ја покрена против Унгарија пред Европскиот суд на правдата поради законот што ја дискриминира ЛГБТ-заедницата.

„Германија се приклучи на акцијата на Европската комисија против законот во Унгарија. Тоа покажува дека стоиме зад ЛГБТ заедницата. Заедничките вредности на ЕУ се ДНК на нашето слободно и отворено општество, а различноста е нашата сила“, соопшти Министерството за надворешни работи, според „Политико“.

Покрај Франција и Германија, кон тужбата се приклучија и Австрија, Белгија, Данска, Финска, Грција, Ирска, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словенија, Шпанија, Шведска и Европскиот парламент.

Унгарскиот закон им забранува на малолетниците содржини што „промовираат или прикажуваат“ како што се нарекува „отстапување од сопствениот идентитет што одговара на полот при раѓање, промена на полот или хомосексуалност“.

Минатиот јули, Комисијата ја пријави Унгарија до Европскиот суд на правдата за кршење на правилата на Европската унија за бесплатно обезбедување прекугранични аудиовизуелни услуги и содржини, како и основните права на поединците и вредностите на Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот