1.400 „афтершокови“ за 40 часа околу Риџкрест

Силен земјотрес со магнитуда од 7.1 степени го погоди вчеравечер Ричкрест, Јужна Калифирнија, САД, околу 20:20 часот по локално време (5.20 часот по средноевропско).

Потресот се почувствува и во Лос Анџелес, кој е нешто помалку од 200 километри оддалечен од епицентарот.

Автопатот 178 е затворен поради расцепот што го предизвика потресот кој доаѓа 40 часа по првиот со јачина од 6.4 степени, исто така во Риџкрест, се покажа дека бил т.н. форшок.

Штети на една куќа, пожари предизвикани од експлозија на инсталации со гас се првичните штети што се пријавени до надлежните.

Алармирани се сите институции поради најавата на дежурните сеизмолози од Калифорнија кои ја следат ситуацијата и најавија можност и од посилен потрес во наредните 6 дена со можност од 8 до 9 отсто.

Речиси 1.400 „афтершокови“ се случиле во тие 40 часа додека се тресеше земјата околу Риџкрест.

Евакуирани се гостите од паркот Дизниленд во Анахејм, а последната четвртина од кошаркарскиот натпревар во Лас Вегас од летната НБА лига се одигра во Лос Анџелес.

Автор: Милорад Стојмановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот