Англичаните ја торпедираа Црна Гора, голем бод за Србија (ВИДЕО)

EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Репрезентацијата на Англија оствари уште една убедлива победа во квалификациите за ЕП 2020 година, додека голем успех забележа и Србија, која успеа да остане непоразена на гостувањето во Португалија.

Англичаните уште во првите две кола од квалификациите најавија дека се сериозен конкурент за освојување на титулата на ЕП 2020, постигнувајќи 10 голови. По убедливата победа над Чешка од 5:0, „Гордиот Албион“ на гостуувањето во Подгорица против Црна Гора исто така даде пет гола. Головите за Англија ги постигнаа Кин, Кејн и Стерлинг, додека Баркли постигна два гола.

Убедлив настап имаше и светскиот шампион Франција, која со 4:0 го победи Исланд и по две кола е со максимален учинок. Стрелци на головите беа Умтити, Жиру, Мбапе и Гризман.


Селекцијата на Србија успеа да остане непоразена во дуелот со актуелниот европски шампион Португалија, играјќи 1:1. Србите уште во седмата минута со голот од пенал на Тадиќ ги шокираа домашните фудбалери кои до крајот на напреварот имаа сили да дојдат само до израмнување.


Резултати

Група А
Косово – Бугарија 1:1
Црна Гора – Англија 1:5

Група Б
Луксембург – Украина 1:2
Португалија – Србија 1:1

Група Х
Андора – Албанија 0:3
Франција – Исланд 4:0
Турција – Молдавија 4:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот