Кои се француските спортисти со највисоки плати?

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е францускиот спортист со највисоки примања меѓу спортистите во Франција. Неговите вкупни годишни приходи изнесуваат 33 милиони евра годишно, од кои 20 милиони доаѓаат од Атлетико Мадрид, а остатоток од спонзорите.

Втор на листата на француски спортисти со најголема годишна заработка е ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе со 24,7 милиони евра. Интересно е што тој е најмладиот фудбалер на оваа листа и единствен кој има помалку од 20 години.

На третото место се најде фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба со 22.1 милиони евра, додека Карим Бензема со само 100.000 евра помали примања е четврти на листата.

На петото место се најде кошаркарот на Шарлот хорнетс, Николас Батум кој во 2018 година заработи 20,9 милиони евра, додека центарот на Јута џез, Руди Губер е веднаш зад него со 20.6 милиони евра.

Фудбалерот на Барселона Осман Дембеле е седми на листата креирана од „Л’Екип” со 19,1 милиони евра.

На листата од 10 најдобро платени франциски спортисти се најдоа уште и  НБА кошаркарот Јоаким Ноа (17,5 милиони евра), кошаркарот на Орландо меџик, Еван Фурниер (15,2 милиони евра) и фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери (14,3 милиони евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот