Елмас: Словенија фаворит?! Само на хартија – Слободен печат
СпортФудбал

Елмас: Словенија фаворит?! Само на хартија

Јунакот од првиот кваификациски дуел на Македонија. младиот репрезентативец Елиф Елмас им порача на вечерашните ривали дека се фаворити само на хартија, и дека фаворитската улога мора да се докаже и на теренот.

Македонија вечерва (20.45 ч.) на стадионот „Стожице“ во Љубљана против Словенија го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.
„Словенија фаворит?! Да, само на хартија“ напиша Елмас на својот фејсбук профил.

Фудбалерот на Фенербахче во првиот натпревар од квалификациите постигна два гола во победата на Македонија од 3:1 над Летонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close